Тенискиот турнир во Индијан Велс во март ќе понуди вкупно 19 милиони долари награден фонд, најмногу од сите комбинирани ВТА и АТП турнири од серијата Мастерс 1000, објавија денеска организаторите.

Износот е за 1.4 милиони долари повеќе од ланскиот награден фонд.

„Горди сме што оваа година издвојуваме рекордни парични награди и силно сме мотивирани на компензација на сите тенисери кои настапуваат во Индијан Велс“, изјави извршниот директорот на турнирот Стив Кристијан.

Светските тенисери лани го прогласија Индијан Велс за ВТА и АТП 1000 турнир на годината, деветти пат во низа.

Ланското издание привлече 450.000 гледачи на трибините.

Шпанецот Карлос Алкараз и Елена Рибакина ги бранат титулите на турнирот кој оваа година е на програмата од 6 до 17 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2024 00:41