Во собранието на Република Македонија, свечено им беше доделена наградата за животно дело на Благоја Маневски, Раим Ганији, Елена Мисиркова и Атила Клинче, уметници од областа на културата и уметноста за 2016 година. Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата 11-ти отомври уште минатиот месец а наградите им ги врачи Претсседателот на Одборот Митко Маџунков.

- За да бидеш, треба јасно да знаеш што си бил, што си и што бараш од својата иднина. Државата е основниот предуслов за нашиот опстанок. Додека имаме држава, без оглед на тоа кој и како ја води, имаме и надеж дека нашата физичка и духовна супстанција ќе се сочува. Без држава, првиот удар ќе биде врз она најважното – јазикот со се што е создадено на него… Денот што го славиме денеска е симболот на нашите заеднички стремежи, без оглед на сиот тек на околности. Тој ден овозможи супстанцијата на нашиот народ да биде спасена… Ваквите високи државни награди се доделуваат за да се потсетиме дека над нас има нешто што не надраснува, што е поважно од нас самите, тоа е покривот над нашите глави што се вика држава, истакна Маџунков.


Доделени наградите по повод 11-ти октомври

Во име на добитниците се обрати пијанистката Елена Мисиркова, која воедно е и внука на Крсте Петков Мисирков. – Сепак се решавам, и од име на лауреатите, акцент да ставам на сите оние коишто се вложија во нашата кариера – прво на нашите родители кои несебично дадоа се за ние да одиме напред, на нашите професори, на претставници на македонските институции кои максимално се вложуваат и се ангажираат за ние да можеме да твориме на нашиот пат, да останаеме доследни на нашето кредо потенцираше Мисиркова.

Доделени наградите по повод 11-ти октомври


Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2016 18:41