Францускиот скијач Сипријан Саразан победи на денешната трка во супервелеслалом која во рамки на Светскиот куп се возеше во швајцарскиот центар Венген.

Саразан триумфираше пред Швајцарецот Марко Одермат, кој заостана зад победникот 58 стотинки, додека третото место го освои Норвежанецот Александер Омот Килде со заостанување од една секунда.

Трката во Венген ја одбележа и тежок пад на патеката на Французинот Алекс Пантуро, кој со хеликоптер беше пренесен во болница.

Одермат остана лидер во генералниот пласман со 916 бодови, пред Австриецот Марко Шварц (464) и Килде (440).



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2024 04:11