Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, триумфираше попладнево над Хрватот Дино Прижмиќ со 3-1 (6-2, 6-7, 6-3, 6-4), во воведното коло на Австралија Опен.

Ѓоковиќ ја почна одбраната на титулата на грен – слем турнирот во Мелбурн со загубен сет, откако младиот противник беше поуспешен во тајбрејкот по водството на Србинот од 1-0.

Сепак, Ѓоковиќ рутински ги реши во своја корист следните два сета и забележа победа по точно четири часа игра.

Младиот 18-годишен Прижмиќ од Сплит прв пат во кариерата се најде во главната жрепка на грен – слем турнирите



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2024 23:01