Македонските тенисери без позначајни промени на своите позиции ја дочекаа најновата АТП ранг – листа објавена.

Најдобро рангираниот македонски тенисер Калин Ивановски со 159 поени се наоѓа на 326. место, исто како и претходната недела.

Горазд Србљак има пад за две позиции и сега е на 1057. место со 17 поени, додека Обрад Марковски е на 1455. место со 3 поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 676. место со 71 поени, што е подобрување за едно место), додека Берк Бугариќ е рангиран на 1353. место со 16 поени.

Пад за шест места има Обрад Марковски и се наоѓа на 1766. место со 7 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2130. место со 3 поени.

Следната ранг-листа ќе биде објавена по завршувањето на Австралија Опен.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2024 01:40