Џоел Ембид одговори на критиките за пропуштање важни натпревари.
Многу фанови веруваат дека ѕвездата на Филаделфија намерно избегнува соочување со силни противници.
- Видов како пишуваат за тоа. Но, не зависи од мене кога ќе се разболам. Не можам да го контролирам коленото ако се појави оток. Целта е да се соочам со извонредни играчи. Ако не можам да го исполнам правилото од 65 натпревари во лигата, пропуштајќи ги натпреварите со најдобрите тимови во НБА, сепак ќе бидам подготвен да доминирам кога ќе дојде време, почнувајќи од април. Тогаш ништо друго нема да ме интересира, изјави Ембид.
Филаделфија со биланс 25 победи и 13 порази се наоѓа на третото место на табелата во Источната конференција на НБА-лигата.