Шпанецот Рафаел Надал објасни зашто ја прифатил понудата да стане амбасадор на тенисот во Саудиска Арабија.
-Каде и да погледнете во Саудиска Арабија, можете да видите раст и напредок и мило ми е што сум дел од тоа. Продолжувам да играм тенис затоа што ја сакам играта, но освен играњето сакам да помогнам спортот да се шири низ целиот свет, а има реален потенцијал за овој спорт во Саудиска Арабија. Денешните деца гледаат кон иднината и имаат вистинска страст за сите спортови. Ако можам да им помогнам да земат рекет или едноставно да влезат во форма и да уживаат во придобивките од здравиот начин на живот, тогаш ќе ми биде драго што го направив тоа, изјави надал.
Претходно, прес-службата на тениската федерација на Саудиска Арабија соопшти дека во моментов се развиваат планови за создавање на нова „Академија Надал“.
Триесет и седумгодишниот Шпанец е 22-кратен победник на Грен слем турнирите. Тој исто така освои 92 титули во сингл во текот на неговата кариера, вклучувајќи 36 во Мастерс серијата.