Извршниот директор на формула 1 тимот Мерцедес е уверен во способностите на Хамилтон и оптимист дека Британецот би можел да ја освои својата осма шампионска титула доколку тимот му обезбеди соодветен болид.

Волф не се согласува со поранешниот Ф1 возач Еди Ирвин, кој во едно неодамнешно интервју изјави дека ерата на Хамилтон во Формула 1 е завршена.

-Одговорот е да. Со големи букви. На крајот на краиштата, Луис седум пати го освои шампионатот со причина. Тој го собори речиси секој постоечки рекорд и настапи на сосема поинакво ниво во споредба со другите тркачи. Наша задача е да му обезбедиме соодветен автомобил, зад чиј волан би можел да се чувствува потполно удобно и на кој ќе може целосно да му верува. И ако тоа се случи, Луис ќе има можност повторно да ја освои шампионската титула. Згора на тоа, во случајот на Луис, 39 години воопшто не е возраст. Ставот е клучен. Тркачот мора да може да верува во себе – во фактот дека речиси ништо не е невозможно, истакна Волф.

Хамилтон три години по ред не успева да го симне од тронот во Формула 1 возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2024 05:50