Данската тенисерка Каролине Вознијацки е разочаран од поразот од Русинката Марија Тимофеева (6:1, 4:6, 1:6) во второто коло на Австралија опен.

- Планирав да останам овде уште некое време. Кога имаш семејство овде и ги носиш сите, сакаш да победиш уште повеќе затоа што сакаш да останеш овде подолго и да не мора да се селиш. Дефинитивно е гадно и разочарува. Имав чувство дека ова е мојот натпревар што треба да го победам, но не го направив. Очигледно, седам овде со чувство на длабоко разочарување затоа што, гледајќи наназад, чувствувам дека натпреварот ми се лизна од раце, изјави Вознијацки за сајтот на Австралија опен.

Следна противничка на 20-годишната Тимофеева на Грен слемот во Мелбурн ќе биде Беатрис Хадад Маја.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2024 22:41