Урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен, кончено во Скопје на 23 март на сцената на „Македонската Филхармонија“. Музичко-сценскиот спектакл ,,Веселите девојки’’ е во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапува и Тијана Дапчевиќ,заедно со Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.

Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на девојачка вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив. Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат - приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2024 20:38