Техничкиот директор на Мерцедес, Џејмс Алисон, потпиша денеска нов долгогодишен договор со оваа Формула 1 екипа.

Алисон во 2017 година дојде како технички директор во Мерцедес, со кој освои пет последователни титули во конкуренција на конструктори.

На почетокот на оваа недела соработката со Мерцедес ја продолжи и директорот на екипата Тото Волф.

„Несомнено повеќе сме предизвикувачи, отколку фаворити. Сепак, се надеваме дека можеме да направиме добра работа со новиот болид“, изјави 55-годишниот Алисон за британските медиуми.

Мерцедес изминатата сезона не оствари ниту една победа и тоа се случи прв пат од 2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 04:17