Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше вечерва во 3. коло на Австралија Опен, откако го совлада 53-рангираниот на АТП листата Емил Русувуори од Финска по голем пресврт во пет сетови со 3-6, 6-7, 6-4, 7-6, 6-0.

Третиот светски тенисер до победата дојде по четири часа и 23 минути игра, а дуелот заврши во 3 часот и 39 минути по локално време во Мелбурн.

Русувуори во вториот гем на првиот сет направи брејк и ја сочува предноста за водство од 1-0, а во вториот сет беше поуспешен во тајбрејкот со 7-1 и поведе со 2-0.

Медведев ги реши во своја корист следните два сета, а кога веќе го израмни резултат беше непогрешлив во петтиот сет, кој го освои без загубен ге.

Негов противник во третото коло на грен – слем турнирот во Мелбурн ќе биде Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 04:17