Натпреварот меѓу кошаркарите на Далас и Голден Стејт што беше поместен за в петок е одложен поради смртта на помошникот тренер на Вориорс, Дејан Милојевиќ.

Новиот термин за одигрување на натпреварот ќе биде дополнително утврден, соопшти денеска НБА лигата.

Милојевиќ, кој му беше ментор на Никола Јокиќ и успешен кошаркар и тренер, почина во средата на 46-годипна возраст од срцев удар во Солт Лејк Сити.

Српскиот стратег од 2021 година беше помошник тренер на Голден Стејт со кој една година подоцна ја освои шампионската титула во НБА лигата.

Поради смртта на Милојевиќ одложен беше и натпреварот што Голден Стејт требаше да го игра во средата на гостински терен против Јута.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 04:21