Во јужнокорејскиот град Гангвон денеска со свечена церемонија ќе бидат отворени 4. Зимски младински олимписки на кои меѓу над 1.800 спортистки и спортисти, на возраст од 15 до 18 години, од околу 80 земји, ќе настапат и четворица македонски претставници, по двајца во двете конкуренции.

Македонското знаме на отворањето ќе го носат Андријана Кајевска и Давид Торевски.

Каевска, заедно со Благоја Најденоски, ќе настапат во биатлон, додека Торевски и Матеа Трајковска ќе се натпреваруваат во крос кантри.

Игрите во Гангвон, кои свечено ќе бидат затворени на 1 февруари, се први во историјата на кои ќе се применува правилото за родова еднаквост што значи дека бројот на дисциплини во олимписката програма ќе биде еднаков и за спортистите и за спортистките, по 34.

Гангвон е првиот домаќин на Зимските младински олимписки игри надвор од Европа, по Инсбрук 2012, Лилехамер 2016 и Лозана 2020.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 15:35