Францускиот тенисер Адријан Манарино се пласираше денеска во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако триумфираше над Американецот Бен Шелтон со 7-6, 1-6, 6-7, 6-3, 6-4 по четири часа и 51 минута.

Противник на Манарино, 19 на АТП листата, ќе биде најдобриот светски тенисер и бранител на титулата во Мелбурн, Србинот Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер претходно денеска го совлада Аргентинецот Томас Мартин Ечеверија со 6-3, 6-3, 7-6.

Тоа ќе биде петти меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Манарино, а на сите претходни победи српскиот тенисер



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2024 21:38