Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Американецот Тејлор Фриц во четвртфиналето на Австралија Опен 2024 година.

Денешниот меч траеше 3 часа и 45 минути и заврши со резултат 7:6 (7:3), 4:6, 6:2, 6:3.

Првиот светски рекет Ѓоковиќ сервираше 20 аса, направи три двојни грешки и реализира четири брејк топки од вкупно 21.

Дванаесеттиот на АТП ранг-листата, Фриц имаше 16 аса, две двојни грешки и два брејк поена од шест шанси.

Во полуфиналето на турнирот Ѓоковиќ ќе игра со победникот од мечот меѓу Јаник Синер (Италија) и Андреј Рубљов (Русија)



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2024 14:29