На Европското првенство во ракомет што се игра во Германија по денешните два натпревара од 5. коло во Групата-1 формирани се двојките за полуфиналето. На домаќинот на шампионатот во прилог му одеа поразите на Австрија и на Унгарија, па вечерашниот дуел со Хрватска нема да има резултатско значење.

Во полуфиналето ќе играат: Франција – Шведска и Данска – Германија.

На досега завршените средби од 5. коло во првата група, Австрија загуби од Исланд со 24:26, додека Франција ја победи Унгарија со 35:32. Во тек е мечот Германија – Хрватска.

Без оглед на резултатот од последниот натпревар во Главната рунда, првото место во Групата 1 го освои Франција, втора е Германија, следуваат Унгарија, Австрија, Исланд и Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2024 00:27