Најголемата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, ги отфрли шпекулациите за негова вмешаност во отпуштањето на тренерот Адријан Грифин.

- Тоа е она што не ми се допаѓа во НБА. Луд бизнис. Вчера тренерот Гриф ни беше главен тренер. Денес веќе не е. И продолжуваме да се преправаме како ништо да не се случило. Не ми се допаѓа ова и отворено го кажувам. Но јас го разбирам. Ова е бизнис. Луѓе се разменуваат, бркаат, мора цел живот вака да го минуваат. Што се однесува до шпекулациите дека јас сум еден од „виновниците“ за негова смена, не се воопшто точни. Ја разбирам ситуацијата во која се наоѓам и дека кога некој ќе се вработи, генералниот директор може да дојде и да праша: „Што мислиш за ова? Што е со ова? И не се работи само за мене – туку за други играчи, луѓе чии совети им верува. Но, медиумите ја прикажуваат сликата дека играчите ја носат одлуката, а овој човек беше тргуван затоа што некој навистина го сакаше. Мојата работа е да бидам најдобрата верзија од себе и да се обидам да го водам овој тим да победува. Ова е она за што добивам плата. Но, секако не за јас да контролирам туѓи животи. Само се обидувам да играм кошарка, изјави Адетокунбо.

Милвоки вчера го отпушти тренерот Грифин и одлучи на неговото место да го постави Док Риверс.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2024 10:40