Белоруската тенисерка Арина Сабаленка претпладнево ја победи Американката Кори Гауф во два сета во полуфиналниот меч на Австралија опен.

Во меч што траеше еден час и 44 минути, Сабаленка славеше победа со 2:0, по сетови 7:6 (7:2) и 6:4.

Белорусинката е актуелен победник на Грен слемот во Мелбурн.

Во финалето Сабаленка ќе игра со победничката од двојката Дајана Јастремскаја (Украина) - Женг Чинвен (Кина).

Вкупен награден фонд на Австралија опен изнесува 58,9 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2024 16:01