Клубовите кои настапуваат во регионалната кошаркарска АБА лига едногласно денеска одлучија наградата за најкорисен играч (МВП) во лигашкиот дел од натпреварувањето да биде именувана по Дејан Милојевиќ, српскиот кошаркар и тренер кој почина пред осум денови на 46-годишна возраст од срцев удар.

Милојевиќ остави неизбришлива трага во АБА лигата како играч и тренер.

Во текот на својата кариера како кошаркар настапуваше за ФМП, Будуќност и Партизан и три сезони во низа беше прогласуван за МВП на сезоната.

Во сезоната 2004/5, воедно, беше и најдобар стрелец, додека како тренер ги предводеше Мега и Будуќност до финалето во плејофот, во 2016 и 2021 година.

Тренерската кариера ја продолжи во трофејната НБА екипа Голден Стејт каде му беше помошник на Стив Кер, а на 17 јануари почина од срцев удар во Солт Лејк Сити



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2024 02:22