Република Ирска и Северна Ирска изразија желба да бидат домаќини на првата етапа од велосипедската трка Тур де Франс во 2026 и 2027 година, но се повлекоа од намерата поради финансиски проблеми, потврдија властите во Даблин.
Од Министерството за економија на Ирска потврдија за истиот извор дека веќе биле во преговори со организаторите на трката, но оти, во меѓувреме, неколку важни спонзори се повлекле од проектот.
Тур де Франс последен пат стартуваше од Ирска во 1998 година, а трката тогаш ја засени допинг скандалот во кој беше вмешана екипата Фестина.
По избивање на скандалот Фестина беше суспендирана, а уште неколку екипи во знак на протест се повлекоа од трката.