Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Австралија опен, откако попладнево во финалето на грен – слем турнирот во Мелбурн се врати од негатива од 0-2 во сетови и го совлада Русинот Данил Медведев со 3-6, 3-6, 6-4, 6-4,6-3.
Финалниот дуел за трофејот „Норман Брукс“ во „Род Лејвер Арена“ донесе врвен тенис и траеше три часа и 46 минути.
На патот до титулата во Мелбурн во своето прво грен – слем финале во кариерата Синер во полуфиналето го совлада најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кому му го нанесе првиот пораз по серијата од 33 сингл победи на Австралија опен.
Финалето во Мелбурн беше десетти меѓусебен дуел на Медведев и Синер во кој италијанскиот тенисер ја забележа четвртата победа.
За Медведев ова беше шесто грен – слем финале во кариерата по кое остана на единствената титула освоена на Ју Ес Опен во 2021 година.