Репрезентацијата на Шведска го освои бронзениот медал на Европското ракометно првенство во Германија, откако вечерва во натпреварот за третото место во Келн го совлада домаќинот со 34-31 (18-12).
До својот прв бронзен медал на европските првенства Шведска ја предводеше голманот Андреас Палицка кој натпреварот го заврши со фантастични 19 интервенции.
Шведска, која на континенталниот турнир во Германија допатува како бранител на титула, во својата колекција има и пет европски златни одличја, како и едно сребро.
Новиот европски ракометен првак ќе биде познат вечерва во Келн во големото финале меѓу актуелниот олимписки првак Франција и Данска.