Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, му оддаде почит на Док Риверс за како што вели, храброста да го преземе клубот во овој дел од сезоната.

- Док се согласи да го преземе нашиот тим во текот на сезоната, што кажува многу. Вие разбирате каква личност е. Тој има карактер. Не е лесно да се прифати ваква работа. Кога губиме, се чувствуваме како да дојде крајот на светот. Кога ќе победиме со +5, сите прашуваат зошто да не е +20? Ништо од ова не е лесно. Секогаш постои нешто што некому не му одговара. Само шампионска титула ги задоволува сите. Но, ми се чини дека е важно Риверс да го обедини тимот. Колку подобро се справиме со ова, толку побрзо ќе го достигнеме нивото кон кое се стремиме, смета Гркот.

Тренерот Док Риверс дојде во Милвоки на местото на Адријан Грифин.

По 46 одиграни натпревари, Бакс имаат биланс 32 победи и 14 порази и се наоѓаат на 2. место во Источната конференција на НБА-лигата



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2024 11:48