Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон одлучи да го врати поранешниот менаџер Марк Хајнс.
Седумкратниот светски шампион и Хајнс соработуваа од 2016 до 2021 година. Тие престанаа да работат заедно поради различни интереси.
Во изминатите две години, работите на Хамилтон ги водеше Пени Тау, но страните решија да не го обновуваат договорот, кој истече на крајот на 2023 година.
Во минатото, Хајнс беше првенствено вклучен во водењето на компанијата на „Хамилтон Проект 44„. Според „Racingnews365“, Хајнс сега ќе се фокусира на тркачката кариера на британскиот тркач за да му помогне да се врати во борбата за првото место во шампионатот следната сезона.
На крајот на минатата година, 39-годишниот Хамилтон го освои третото место во поединечниот поредок кај возачите, со 234 поени.