Светската пејачка и актерка Грејс Џонс ќе настапи во рамки на годинашното издание на музичкиот фестивал „Скопје колинг“ на 6 јули на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје.
-Веројатно не постои светски артист на оваа планета (освен, се разбира, David Bowie) кој може толку аргументирано да изнесе толку многу различни и заслужени епитети како Grace Jones, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња. Некои од нив се " Musical mastermind", "Amazing Grace, "Timeless", "Art aristocrat", "True diva", "Goddess of Rhythm", "Pop culture icon", "Fashion Icon" "Vamp Woman"... а покрај сето тоа, таа е и Super Model и Movie Star, објавија од Авалон Продукција.
Оттаму информираат дека сите информации околу влезниците ќе бидат објавени утре на нивните социјални мрежи.
-Драги наши, сите заедно ќе имаме можност, Grace Jones, заедно со нејзиниот многуброен бенд и спектакуларно 90 минутни show, да ја видиме овде, кај нас дома. И да ја вратиме Македонија таму каде што токму ние ја поставивме и многу љубоморно ја чуваме од 2001 година: на листата земји каде сепак се случува нешто убаво и по светски стандарди - во реалноста, а не само вербално и имагинарно, посочуваат од Авалон Продукција