Престижниот тениски турнир во Париз од серијата Мастерс 1000 од идната година ќе се игра на нова локација, објави денеска Тениската федерација на Франција (ФФТ).

По 38 години минати во Берси Арена, која во моментов има капацитет од 16.800 седишта, парискиот Мастерс од 2025 година ќе се игра во Ла Дефанс Арена која може да прими 23.000 гледачи.

„Ова е голема стратешка одлука за Rolex Paris Masters. Тоа е еден од најпрестижните АТП турнири и горди сме што низ годините стана еден од клучните настани на француската и меѓународната тениска сцена. Со преселувањето во париската Ла Дефанс Арена ќе ги исполниме нашите амбиции, нудејќи им на нашите спортисти и гледачи искуство кое ќе го паметат до крајот на животот, изјави претседателот на ФФТ, Жил Моретон.

ФФТ најави дека условите на новата локација ќе бидат многу подобри за тенисерите, а ќе се подобри и распоредот на натпреварите по бројните критики поради доцните завршетоци на дуелите



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2024 22:42