Без струја утре ќе бидат делови од општините Бутел и Кисела Вода, информираат утрово од Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје.

- Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Кисела Вода. Во периодот од 08.30 до 15 часот, струја ќе немаат корисниците на дел од Визбегово, општина Бутел. Додека пак, во периодот од девет до 14 часот, корисниците на дел од улицата „Фредерик Шопен“ во општина Кисела Вода, појаснуваат оттаму.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2024 11:53