Општина Велес со ангажирање на градежна фирма започна со реконструкција на пешачката зона помеѓу дуќаните и долниот дел од Градскиот пазар. Како што информираат за МИА од секторот за градежништво на Општина Велес, ќе се уреди пешачка патека од илјада метри квадратни, која ќе биде поплочена со бехатон павер елементи. Во зависност од временските услови работите треба да бидат готово во периодот од 20- тина дена до еден месец.

Реконструкцијата на оваа пешачка патека е со средства од општинскиот буџет во висина од 2 милиони денари плус ДДВ.

Од локалната власт потенцираат дека со изградбата на новиот Градски пазарот и реконструкцијата на сите околни улици, овој дел од левата страна на градот добива комплетно нов лик и целосна функционалност.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2024 14:05