Градоначалникот Тони Коњановски приреди прием за браќата Ружди, Ален и Ардијан Рустемовски, сите од Битола кои неодамна настапија на Балканско првенство во бокс што се одржа во Лозница, Србија.
Ален Рустемовски освои златен медал откако во финалето беше подобар од украинскиот боксер Денис Роздолски, а Ружди Рустемовски го совлада српскиот боксер Стефан Чамовиќ и се закити со златен медал. На балканското првенство во бокс, битолчанецот Ардијан Рустемовски освои сребро,.
Како што е познато, македонските боксери на Балканско првенство што се одржа во Лозница, освоија два златни, еден сребрен и пет бронзени медали