На денешната седница на Град Скопје, Коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијата каде побараа да се донесе заклучок, како Совет да се задолжи градоначалничката на Град Скопје да достави барање до државниот завод за ревизија за спроведување на вонредна ревизија на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје.

Во врска со оваа иницијатива, Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ побара градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска да се изјасни дали е за оваа ревизија или не и да даде образложение.

-Во интерес на јавноста, бидејќи некој се обидуваше да претстави поинаква слика, мојата процедурална забелешка се однесува на нашите права и обврски како советници и како Совет во град Скопје, а тоа е дека секој советник од овој Совет кој што е избран од граѓаните може во било кое време да предложи, доколку цени дека тоа е во моментот, итно и неодложно да поднесе иницијатива за поставување на точка и да поднесе предлог нова точка на било која од седниците. Така да тоа право го имаат сите советници и ве молам да не претставувате погрешни слики, во има на транспарентноста пред јавноста. Ние како советничка група сме одлучиле дека е итно и неодложно на оваа седница да се поднесе иницијатива каде што јавноста ќе биде запознаена со одредени случувања и очекуваме дека понатака ќе се постапи по таа иницијатива, градоначалникот ќе постапи. Во тоа дали има или нема мислење за истото, тоа прво имаме седница на кое што се присутни и службите и градоначалникот, тоа не е некој обемен материјал, нема што да филозофираме, излезете на оваа говорница и кажете ни дали сте за оваа ревизија во овие јавни претпријатија или не сте. Ако сте за кажете зошто или не морате, ако не сте исто така образложете зошто не сте, истакна Андоновска.

Андоновска во врска со иницијативата објасни дека поради одредени недоречености во јавните претпријатија е потребно итно да влезе ревизија.

-Ние цениме дека е итно и неодложно дека поради одредени недоречености во јавните претпријатија да влезе ревизија и тоа право си го задржуваме и за понатамошни наши иницијативи за други јавни претпријатија доколку цениме дека тоа е неопходни, порача таа.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2024 22:02