Барањето на екипата Андрети Формула Рејсинг да стане 11 екипа која ќе се натпреварува во Формула 1 од 2025 или 2026 година е одбиена, објави вечерва Ф1.

Формула 1 ја одби пријавата на Андрети – Кадилак со образложение дека „не верува оти предложената екипа ќе биде конкурентна или ќе донесе нова вредност во првенството‘.

„Нашиот процес на евалуација утврди дека присуството на 11 екипи само по себе не би донело нова вредност на првенството. Најдобриот начин за тоа е новата екипа да биде конкурентна, меѓутоа не веруваме дека подносителот на барањето би бил конкурентен учесник“, соопшти Ф1.

Сепак, Ф1, наведе дека вратата за влез на американскиот тим во Формула 1 од сезоната 2028 останува подотворена .



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2024 04:11