Легендарниот шпански кошаркар Марк Гасол вечерва на прес – конференција во Барселона објави крај на својата две децении долга и успешна кариера.

„Дојде време да се повлечам. Сакам да бидам подобар татко, подобар пријател. Кошарката честопати ве принудува да се изолирате и да не сте присутен колку што би требало да бидете“, рече 39-годишниот Марк Гасол.

Тој заминува во кошаркарска пензија нешто повеќе од две години откако кариерата ја заврши и неговиот брат Пол Гасол.

Марк Гасол, сепак, ќе остане поврзан со светот на кошарката како претседател на каталонскиот клуб Жирона.

Во својата трофејна кариера Марк Гасол има НБА титула со Торонто (2019), како и две светски титули со шпанската репрезентација (2006, 2019).



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2024 04:38