Тренерот на кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес, Ердем Чан е ослободен од должностите, соопштија од клубот.
Разделбата со 43-годишниот Чан доаѓа помалку од 24 часа по поразот на Анадолу со 70-96 на гостувањето кај литвански Жалгирис. Поразот во Каунас ги остави шампионите од 2021 и 2022 година на 16. место во Евролигата со 9 победи и 15 порази.
Чан го презеде Анадолу ова лето кога ја замени клупската легенда Ергин Атаман, кој стана тренер на грчкиот гигант Панатинаикос. Сепак, неговиот краток престој во тимот од Истанбул беше проследен со низа повреди на клучните играчи, што во голема мера влијаеше на негативниот развој на сезоната досега.
Пред да го преземе тренерското кормило на Анадолу, Ердем Чан една сезона беше главен тренер на Турк Телеком Анкара, со кој играше во финалето на Европскиот куп. Пред тоа работеше една сезона како помошник тренер во американскиот НБА тим, Јута Џез, како и девет години како помошник тренер во Фенербахче.
Анадолу Ефес објави дека до крајот на сезоната тренерските функции ќе ги преземе помошникот на Чан - Томислав Мијатовиќ. За Хрватот ова е прво тренерско назначување