Скудерија Ферари вечерва објави дека Луис Хамилтон ќе се приклучи на тимот во 2025 година, со повеќегодишен договор.

Седумкратниот шампион се сели во Скудерија и покрај договорот што го потпиша минатото лето со Мерцедес.

Британецот во договорот имал клаузула која му дозволува да си замине на крајот на оваа година.

- Мерцедес-АМГ ПЕТРОНАС Ф1 Тимот и Луис Хамилтон ќе се разделат на крајот од сезоната 2024 година. Луис ја активираше опцијата за ослободување во договорот објавен минатата година, споделија на Твитер од тимот од Штутгарт.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2024 04:47