Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, се извини што ја прекина борбата со шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Олександр Усик.

-Апсолутно сум уништен бидејќи се подготвував за оваа борба долго време и бев во одлична состојба. Можам само да им се извинам на сите, вклучително и на мојот сопствен тим, на тимот на Усик, на боксерите учесници во мечевите пред гланата борба, на партнерите и навивачите, како и на нашите организатори и моите пријатели во Кралството Саудиска Арабија, напиша Фјури на социјалните мрежи.

Британскиот боксер исто така рече дека ќе работи напорно за да го презакаже мечот штом окото заздрави.

Борбата за неприкосновен светски шампион во тешка категорија меѓу Фјури и Усик е одложена откако Британецот се здоби со сериозна расекотина на тренинг, поради што беа потребни конци за санирање на повредата на окото.

Боксерскиот спектакл меѓу Британецот и Украинецот требаше да се случи на 17 февруари во Ријад, Саудиска Арабија



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2024 21:59