Студеното време минатата недела, со температури под нулата, не предизвика никакви штети кај земјоделските култури. Според агроеметеоролозите, температурите беа вообичаени за овој период од годината, но и во границите на издржливост на културите кои се во фаза на презиумување.

Агроеметеоролозите сметаат дека може да се почне со резидба на виновата лоза.

-Секоја сорта винова лоза има специфични услови на одгледување и доколку почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците можат да почнат со резидба. Режењето е многу значајна агротехничка мерка и претставува најважниот чекор во одгледувањето на лозјето. Таа е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме, велат агроеметеоролозите од УХМР.

УХМР најави дека продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2024 22:54