Комплексот висококатници што ќе се гради позади бензиската Макпетрол во Карпош 3 ги извади жителите на протест, како и граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“. Тие сметаат дека дозволата за градба издадена од Општина Карпош е незаконска бидејќи се базира на нелигитимно конзерваторско мислење од Националната установа „Конзерваторски центар –Скопје“.

Обвинуваат дека градоначалникот на Општината во тричлена комисија има поставено свои архитекти кои дале амин за изградба и дека ниту една институција не ги почитува законите. Барат надлежните веднаш да постапат и да го сопрат, како што велат, овој криминал во Карпош.

На протест излегоа и соседите од околните згради. Според нив инфраструктурата не дозволува во Карпош да се доселат нови илајдници жители.

Од Иницијативата реагираат дека решението за градба било издадено на 18 јануари, а се’ уште не е јавно објавено на веб-страницата на Општината.

„Независни за Карпош“ пред повеќе од два месеца поднеле желби и претставки до повеќе институции за издаденото позитивно Конзерваторско мислење за изградба на висококатница на парцелата кај Воена болница. Повеќето од институциите им одговориле дека не се надлежни да постапуваат по претставките.

Од општината, пак, ги демантираат тврдењата на граѓанската иницијатива за незаконско поседување на дозвола за градење. Тие се децидни дека високатницатаги добила одобренијата од сите надлежни институции.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2024 23:25