Не успеа обидот за организација на Вонредно собрание на МОК на кое од т.н Иницијативен одбор најавија промена на актуелното раководство на Македонскиот олимписки комитит (МОК) и Даниел Димевски.

На средбата беа присутни 28 федерации, односно 28 од 61 делегати. За да се одржи седница за смена на Димевски, недостасуваа тројца делегати.

Собирот воопшто не започна, не се разговараше по точките на дневниот ред, меѓу кои беа смена на Димевски и избор на негов наследник.

Редовното изборно собрание на МОК е закажано за 8 февруари во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Единствена кандидатура за нов мандат на чело на МОК поднесе актуелниот претседател - Даниел Димевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2024 04:27