Формула 1 екипата Алпин го претстави денеска новиот модел А524 за претстојната сезона, опишувајќи го како „иновативен и агресивен“.

Француската екипа минатата сезона ја заврши на шестото место, откако една година претходно беше четвртопласирана.

„Мораме да продолжиме да ја развиваме екипата за да се искачиме на повисоко ниво. Од тие причини воопшто нема да поставуваме нумерички цели“, посочи директорот на екипата Бруно Фамин.

Претсезонските тестирања ќе бидат извршени од 21 до 23 февруари во Бахреин.

Новата сезона стартува на 2 март со трката за Големата награда за Бахреин.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2024 04:51