Една од најсилните фудбалски лиги во светот, англиската Премиер лига ја објави листата на најбрзите фудбалери во досегашниот дел од сезоната. Рекордер оваа сезона е Мики ван де Вен, холандскиот стопер кој минатото лето пристигна во Тотенхем од Волфсбург за 40 милиони евра.

Навивачите се изненадени што на врвот на листата не се најде некој крилен играч или страничен фудбалер, кои отсекогаш бил препознаени по брзина, туку стопер висок 193 сантиметри.

Најголема забележана брзина она Ван де Вен ваа сезона е 37,38 km/h. Втор е Киедози Огбене од Лутон (36,93 км/ч), а трет Педро Нето од Вулверхемптон (36,86).

Па така екипата на Тотенхем која сезона игра во стилот „топло-ладно“, може да се пофали дека во своите редови го има најбрзиот фудбалер.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2024 22:51