Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга не успеа да го заврши натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите против Ливерпул (0:2).

Дваесет и двегодишниот Французин синоќа го напушти теренот во 57. минута, држејќи се во задниот дел на левата нога. Играчот се повреди кога се обиде да ја пресретне топката во сопствената половина од теренот.

Според „AS“, играчот денес ќе биде подложен на лекарски преглед по што ќе се знае точното време за закрепнување.

Оваа сезона Камавинга одигра девет натпревари во сите натпреварувања и забележа една асистенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2024 15:54