Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира помеѓу осумте најдобри на ИТФ фјучрсот во Анталија.

Македонката денес во осминафиналето ја совлада Унгарката Амариса Киара Тот со 2-1, по сетови 4:6, 6:4 и 6:4.

Ѓорческа која е трета носителка на турнирот во Турција, во четвртфиналето ќе се соочи со Тара Вирт од Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2024 00:10