Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги засили своите редови со полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски.
„Повремениот полски репрезентативец и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб“, соопшти вечерва клубот.
Дваесетиосумгодишниот Пиеховски кариерата ја почна во Висла, а потоа настапуваше за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и турски Бешикташ.
Корпулентниот Пиеховски, висок 210 сантиметри, потпиша договор на една и пол година со Еурофарм Пелистер и официјално ќе биде претставен следната недела