Најдобриот стрелец на Барселона, Роберт Левандовски во интервју за каталонскиот весник „Спорт“ го сподели своето мислење за заминувањето на Чави Ернандез како главен тренер на каталонскиот гигант и кратко ја прокоментира неговата одлука да го напушти клубот на крајот од сезоната.
- Кога си тренер или играч на Барселона, притисокот е огромен. Тоа е нормално. Сега тимот е во тежок период бидејќи многу од играчите се млади и очекувањата од нив се големи. Разбирам што значи сето ова за Чави. Тој е поранешен фудбалер на Барса, а сега е тренер на тимот. Од емотивна гледна точка, секако дека му е многу тешко, изјави Левандовски.
Запрашан за сопствената иднина, Левандовски одговори дека се чувствува одлично во Барселона, му се допаѓа градот и неговото семејство е среќно.
- Мораме да се концентрираме на остатокот од сезоната затоа што се уште можеме да постигнеме нешто големо со Чави. Лично сум исклучително мотивиран, додаде Полјакот.
Левандовски се пресели во Барса во 2022 година од Баерн Минхен. Неговиот договор е до 2026 година, но се шпекулира дека полскиот напаѓач ќе си замине на лето