Мислам дека македонската репрезентација е фаворит за освојување на првото место во нашата група, изјави ерменскиот селектор Олександр Петраков, коментирајќи ја вчерашната жрепка за новата сезона во Лигата на нации.
УЕФА во четвртокот во Париз го одреди составот на групите со жрепка која ја смести македонската репрезентација во групата Ц 4 заедно со Ерменија, Фарски Острови и Латвија.
-Добивме интересна група. Игравме во минатото со македонската репрезентација. Тие се многу добар тим. Одиграа многу добри и квалитетни натпревари во квалификациите за Европското првенство, изјави Петраков.
Лигата на нации ќе стартува во септември, а победниците во групите ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, кое ќе се игра во март идната година.
-Можам да кажам дека во овој момент нема слаби противници и несомнено ќе бидеме сведоци на квалитетни дуели во претстојната сезона во Лигата на нации. Мислам дека македонската репрезентација е фаворит за првото место во нашата група, додаде Петраков.
Македонската репрезентација ќе ја пречека Ерменија на 10 септември, а на гостински терен ќе игра на 13 октомври.