Трикратната олимписка шампионка, спринтерката Шели – Ен Фрејзер – Прајс од Јамајка ќе се повлече од атлетиката по завршувањето на Олимписките игри 2024 во Париз, наведувајќи оти тоа ѝ го должи на своето семејство.
Фрејзер – Прајс е првата спринтерка на 100 метри која освои медали во поединечна конкуренција на четири последователни Олимписки игри.
Триумфалниот поход атлетичарката од Јамајка го почна со златниот медал во Пекинг 2008, а титулата ја одбрани во Лондон 2012.
И покрај повредата на прстот на ногата, Фрејзер – Прајс освои бронза на Игрите во Рио де Женеиро 2016, како и сребро во штафетната трка.
По породувањето во 2017 година, освои уште едно олимписко сребро и злато во штафетната трка во Токио 2021.
„Мојот син има потреба од мене, мојот сопруг и јас сме заедно уште пред да победам во 2008 година. Се жртвуваше за мене“, рече 37-годишната Фрејзер – Прајс, најавувајќи крај на кариерата по Олимпијадата ова лето во Париз