Формула 1 тимот РБ – Хонда го претстави денеска во Лас Вегас новиот болид VCARB01 со кој ќе се натпреварува во новата сезона.

Новиот болид на РБ – Хонда, кој минатата сезона се натпреваруваше под името Алфа Таури, е во сино – бел дизајн.

На промоцијата присуствуваа двајцата тимски возачи Даниел Рикардо и Јули Цунода, а на церемонијата настапи американскиот рапер Кендрик Ламар.

Алфа Таури минатата сезона го освои осмото место во конкуренција на конструктори.

Претсезонските тестираше ќе бидат извршени од 21 до 23 февруари, а новата сезона ќе стартува на 2 март со трката за Големата награда на Бахреин.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2024 04:34