Селекторот на македонската женска сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави денеска поширокиот список со 20 ракометарки за претстојните натпревари со Шпанија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство.
Досега во евроквалификациите македонската репрезентација запиша две победи во исто толку натпревари. Во првото квалификациско коло сениорките извојуваа убедлива победа на домашен терен против репрезентацијата на Азербејџан, а во следното коло запишаа и гостинска победа против репрезентацијата на Литванија.
Двата дуели против Шпанија се на програмата на 29 февруари во Скопје и на 3 март на гостински терен во Ланзароте.
Европското првенство за ракометарки ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември Австрија, Унгарија и Швајцарија.