Шпанскиот суд му наложи денеска на фудбалскиот клуб Барселона да плати 23 милиони евра даночна корекција на сумите исплатени на фудбалски менаџери во периодот од 2012 до 2015 година.

Советот за управни спорови на Националниот суд со тоа ја потврди пресудата која Централниот економски и административен суд (TEAC) ја изрече во јуни 2020 година, на која каталонскиот клуб веќе вложи жалба.

TEAC пресуди дека менаџерите им „пружаат услуги на фудбалерите, а не на клубот, и оти овие износи имаат карактер на приход од работни односи и подлежат на оданочување во моментот на исплата“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2024 06:11